Почетна / Телевизија / Видео | После сопругот, и Ленче Кукиќ победи во „Никад није касно“

Видео | После сопругот, и Ленче Кукиќ победи во „Никад није касно“

Ленче Кукиќ е победничка на овогодишното издание од српското музичко шоу “Никогаш не е доцна”. Во конкуренција со возрасни натпреварувачи од цел регион, нашата Македонска освои две од трите награди.

Ленче беше најдобра според изборот на стручното жири составено од познати пејачки имиња од Балканот, а имаше и најголем број на гласови на гласањето на Фејсбук. За потсетување, нејзиниот сопруг Горан победи на истово шоу пред две години.

Третата награда – гласовите од телевоутингот оваа сезона ги освои повторно Македонец, и тоа Бејхан Рамов од Битола. Очигледно е пишано само Македонци да победуваат во шоуто кое ве потсетува дека никогаш не е доцна да се пријавите и покажете дека умеете да пеете.

И оваа сезона, ексклузивни права за емитување на шоу програмот имаа Прва (Србија), Прва (Црна Гора) и Нова БХ (Босна и Херцеговина). Во продолжение погледнете како изгледаше прогласувањето на победниците :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …