Почетна / Серии / Теленовели / Турската играна серија „Двоен живот“ секоја вечер на Сител

Турската играна серија „Двоен живот“ секоја вечер на Сител

Од понеделник до петок на Сител телевизија ја гледате новата играна серија “Двоен живот”. Еден погрешен чекор ќе го разоткрие неговиот двоен живот. Приказна за напорите и искушенијата на човекот кои поради одлуките од минатото ќе се најде меѓу два огна, две жени, две ќерки и два сина. Татко растргнат меѓу две фамилии ќе мора да ја признае вистината затоа што во рацете на непризнатиот син лежи животот на оној другиот.

Кенан Ипекчи е деловен човек кој живее со сопругата Сузан, синот Мерт и ќерката Чичек. Навидум идиличен семеен живот. Но, паралелно со овој живот на богат бизнисмен и посветен татко и сопруг во Истанбул, тој има и друг живот. Живот на татко и сопруг на друга фамилија во Адана.

Таму живее неговата љубов од младоста, Нулгун со која ги има децата Хасрет и Кадер. Поради сплетки од неговата фамилија, тој морал да се раздели од Нулгун и за да ги заштити неговите деца, ќе мора да води двоен живот и да се грижи и за таа фамилија. Откако лагите ќе излезат на виделина, Кенан ќе стори сѐ за да ја заштити својата непрежалена љубов, но и да ја одржи врската меѓу децата од двете фамилии, кои меѓусебно се мразат.

Неговата законска жена Сузан е горделива и високообразована која откако ќе открие за постоењето на другото семејство на сопругот, решава работите да ги превземе во свои раце и да го уништи животот на чесната и сиромашна Нулгун и нејзините деца. Семејните тајни ќе ги усложнат животите на двете фамилии, ќе донесат лавина од сплетки и завери, но ќе отворат и стари рани кои е невозможно да се зашијат така брзо и едноставно.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прочитајте ја содржината на новата грчка сапуница на Сител

Ексклузивно на Сител доаѓа серија од земјата на Боговите и божествените острови. Очекувајте го наскоро …