Почетна / Забава / Видео | Gabby G ги отпеа „Македонско девојче“ и песна на Тоше

Видео | Gabby G ги отпеа „Македонско девојче“ и песна на Тоше

Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации, „One Love Tour“ 2019, по трет пат се одржа во Скопје и го донесе најдоброто од двете држави за сите генерации. На настанот зеде учество и една млада девојка од Бугарија

Вистински музички бран и еуфорија се разлеа на плоштадот во главниот град, а покрај сите  изведувачи не остана не заприметена младата петнаесетгодишна Поп и РНБ пејачка позната како Gabby G. која успеа да ја придобие македонската публика со изведбата на “Громови на душа” на звездата Тоше Проески. Едни 3 минути, кои ја покажаа силата на љубовта меѓу двата народа… три минути, кои  беа посветени на Тоше.

https://www.facebook.com/GabbyGofficial/videos/505332263633885/?t=0

Почетокот на летото оваа година, оваа пејачка го промовираше нејзиното првенче “Краен Срок”, кое е дело на македонскиот продуцент и композитор Јорданчо Василковски – Оцко и шведскиот хитмејкер Јохан Бејерхоум, кој е автор на едни од најголемите хитови на Араш.

https://www.facebook.com/hitmixmusiccofficial/videos/507900233327356/?t=21

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!