Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Ненад се враќа на Алфа со детскиот ТВ проект „Мини вести“
ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК ВО 17.10 ЧАСОТ НА АЛФА

Ненад се враќа на Алфа со детскиот ТВ проект „Мини вести“

Сигурно се сеќавате на најзабавните вести за деца и нивните интересни прилози и прашања кои секојдневно ги поставуваа на своите гости со цел да дознаат се што ги интересира.

По прекрасната  дружба во првата сезона во 130 емисии и пауза од една година,  „МиниВести“ се враќаат на тв екраните повторно да го соберат целото семејство но и да одговорат на уште многу детски прашања од секојдневниот живот.

 “Навистина ми е драго што нашиот проект благодарение на довербата на Телевизија Алфа да не вметнат во нивната нова програмска шема,  ќе продолжи со нова сезона. Во ова ново време кога децата на телевизиите немаат забавно-едукативни емисии верувам дека ќе имаме уште многу нови другарчиња кои што ќе не следат во оваа нова сезона.

И овој пат ќе бидеме интересни за сите возрасти, но пред се на нашите тв другари ќе продолжиме да им откриваме многу одговори кои што сигурно ги интересираат, на пример: како да станат пилоти, полицајци,машиновозачи, како настануваат облаците, интерсни факти за животните и природата, како се прават играчките, бомбоните, а се разбира дека ќе бидеме и на најубавите детски настани за да ги поддржиме и вметнеме во нашето тв шоу” -вели Ненад Ѓоргиевски продуцент и проект-координатор на „Мини Вести“.

Малите сезнајковци Марко, Ева, Луциа, Дин, Даријан се само дел од новите презентери и новинари во вестите за сите деца. Пред вестите за големите бидете на Телевизија Алфа и гледајте ги најзабавните вести за сите деца  секој работен ден во 17:10 часот!

Најава за 14 октомври 2019 С02Е02

Другари,во новата работна недела продолжуваме да другаруваме на ТВ Алфа во 17:10 часот. Еве што ќе гледате денеска во #миниВЕСТИ !!!

Gepostet von МИНИ ВЕСТИ am Montag, 14. Oktober 2019

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиерна серија, Алфа ја репризира „ДНК“ во недела

Минатата недела заврши со емитување босанската крими серија “Котлина” на Алфа телевизија која се емитуваше …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!