Почетна / Телевизија / АВМУ со осуда за етикетирањето на Канал 5 од страна на Апасиев

АВМУ со осуда за етикетирањето на Канал 5 од страна на Апасиев

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува повторното етикетирање и дискредитирање на ТВ Канал 5 во денешната објава на претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на социјалната мрежа Фејсбук. Во продолжение во го пренесуваме во целост соопштението од Агенцијата :

  • Со објавата, лидерот на Левица покажува крајно недоличен однос, ја загрозува слободата на информирање и го нарушува достоинството на медиумските работници. Користењето на вулгарни фрази, како и изрази со кои може да поттикне говор на омраза од страна на неговите следбеници на социјалните мрежи е крајно неприфатливо и може да ја загрози сигурноста на медиумските работници. Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните и да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите. Ова е дел од стандардите утврдени во Кодексот на однесување во онлајн сферата за време на изборни процеси и референдуми, на чие почитување политичката партија Левица доброволно се обврза.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа телевизија вработува новинари со и без работно искуство

ТВ Алфа има потреба од новинари и репортери, со и без искуство. Заинтересираните кандидати да …

error: Содржината е заштитена!