Почетна / МК Сцена / Видео | „1001 ноќ“ – од класичен баритон до нестандарден фолкер

Видео | „1001 ноќ“ – од класичен баритон до нестандарден фолкер

Живе Мешуревски е студент на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Горан Начевски. До пред извесно време, беше само уште еден студент од прва година на оваа музичка академија, но деновиве, еден негов музички експреминет го издвои од останатите. Имено, Мешуревски и покрај големата љубов што ја негува кон класиката, одлучи полека но сигурно да заплива и во фолклорните води.

„Ја сакам класиката но го сакам и македонскиот фолклор. Цело едно богатство од звуци, емоции, ноти, приказни кои што јас сакам пеејќи да ги раскажувам. Почнав со хармониката, продолжив со пијаното за да денес во соло пеење вклопам се што досега знам. Нема да застанам тука, ќе продолжам во овој правец, да ја негувам секоја музика која што буди чувства“ – вели Живе Мешуревски.

Првата песна на Мешуревски е насловена 1001 ноќ и дело е на Борче Нечовски и Горан Момировски. Музичкото парче го следи и видео приказна во која главната улога и припадна на манекенката Мила Николовска.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фидбек Бенд“ со музичко освежување пред почетокот на летото

Музичкиот состав кој долги години успешно функционира на домашниот пазар, „Фидбек Бенд“ ја објави својата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!