Почетна / Телевизија / Вечерва стартува „Хит на месецот“ на МРТ1

Вечерва стартува „Хит на месецот“ на МРТ1

 

Македонската Радио Телевизија започнува со уште едно музичко шоу, емисија наменета за младата популација и сите љубители на македонската забавна музика.

 

Секој последен петок во месецот на програмата на МРТ ќе се емитува емисијата ‘‘Хит на Месецот’’ – музичка топ листа составена од десет песни-предлози од забавната македонска музика, за кои гледачите ќе може да гласаат во текот на месецот, кога до следното издание ќе се знае прворангираниот, односно песната којашто ќе биде избрана за хит на месецот според гласовите на публиката.

Она што ја прави оваа топ листа поинаква е тоа што во ‘‘ХИТ НА МЕСЕЦОТ’’ песните-предлози нема да бидат претставени преку видео спотови, туку со музички настапи на пејачите снимени во новото Студио 1 на МРТ. На ваков начин ќе се овозможи креирање на квалитетна топ листа, составена од ново продуцирани издржани песни, без да се зависи од видео продукцијата и да мора во топ листата да се вметнуваат исклучиво песни коишто имаат видео спот.


– Скратено издание на оваа топ листа со актуелното рангирање на песните ќе се емитува како потсетување за гледачите еднаш неделно во секое издание на емисијата Стисни Плеј, којашто е во врзан проект со емисијата‘‘Хит на Месецот’’.


Првото издание на ‘‘Хит на Месецот’’ ќе понуди десет предлози, а предвидено е секое следно издание на емисијата да понуди три нови музички предлози. Тоа значи преглед на актуелното рангирање на десетте веќе понудени песни, според редната позиција на освоени гласови и претставување три нови предлози.

– Како ревијален дел од емисијата во иднина гледачите може да очекуваат гостување на музичари од земјава и од регионот.

Емисијата ќе се емитува секој последен петок во месецот, со почеток во 22 часот и 05 минути. Водителски пар на емисијата се Александра Јовановска и Марко Марк, кои на публиката и се познати по музичката емисија Стисни Плеј.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …

error: Содржината е заштитена!