Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Васко Тодоров: Ради Тошо Малерот мислеа дека и јас сум глуп

Васко Тодоров: Ради Тошо Малерот мислеа дека и јас сум глуп

Вера Јанковиќ, Васко Тодоров, Ани Малинкова и психологот Мирослав Пендаровски гостуваа во второто издание од новата сезона на „Нешто конкретно”. Темата беше „Самодоверба или самобендисаност”, а гостите особено речити на истата.

Пејачката Ани Малинкова толку се сака себеси што таа и по дома си се шета дотерана и средена, својата самодоверба не може и не сака да ја скрие, па изјави: „Конкуренција во музичкиот свет кај нас не гледам, се уште не сум видела некоја на естрадата да ми дојде да речам е ова е јако, тоа е тоа“, рече таа.

Дали Вера Јанковиќ им се лути на „Макфест” за она што и го сторија? Таа ќе каже не, сѐ уште е тука и достапна е за ако некогаш сакаат да ја позајмат. „Јас не се плашам од конкуренција, сакам да ја има за да видам до каде сум и што сум постигнала. Јас сум махер во сѐ што работам“.

Од друга страна мажите во студиото беа малку поскромни со своите изјави.

Васко Тодоровски или Тошо Малерот како што сите милуваме да го викаме, во однос на својата работа со проектот К-15 изјави дека тоа што го направил е врвот, не може подобро. „Јас кога работам нешто го давам максимумот, значи ова што сте го виделе од мене е најдоброто, не можам подобро”, рече тој и сподели случки од тоа време што можете да ги слушнете во продолжение:

Гледајте ја емисијата и дознајте кој според психологот Пендаровски има најголема самодоверба од неговите соговорници па во коментари ве чекаме да ни кажете дали и вие се согласувате со него.

„Нешто конкретно” со Снеже Велков се емитува секоја недела на Телма во 17.00 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зуица Лазова: Ниту кралица ниту принцеза, бев немирна машкоданка

Во „Нешто конкретно” оваа недела, познатата водителка со гостите зборуваше на тема – дали жените …

error: Содржината е заштитена!