Почетна / Сапуници / Вака започна вистинската приказна за „Мојот дом“ на Сител

Вака започна вистинската приказна за „Мојот дом“ на Сител

Зејнеп е млада и убава девојка која потекнува од сиромашно семејство, но е одгледана во сосема поинаква средина. Кога имала 7 години, татко ѝ го дал старателството над нејзината ќерка на богато семејство и за возврат добил пари.

Биолошката мајка на Зејнеп, Сакине морала да донесе тешка одлука и ја прифаатила оваа понуда само за нејзината прекрасна ќерка да има можност да оди на училиште и да има пристоен живот.

Иако и двајцата биолошки родители на Зејнеп се живи, таа живее заедно со своите старатели во богата вила со цел да добие добро образование. Нејзината биолошка мајка Сакине работи како чистачка во куќата во која живее Зејнеп, а нејзиниот биолошки татко Бајрам работи како градежен работник и има проблем со алкохолот.

Од друга страна, Нермин и Ексем се луѓето кои ја пораснале, тие се добро образовани и припаѓаат на високото општество. Благодарение на нив, Зејнеп добива првокласно образование, се дружи со богати пријатели и живее во голема палата во близина на Босфорот.

Сепак, таа ја крие вистината зад нејзиниот совршен живот. Никој во високото општество не знае за биолошките родители на Зејнеп и сите претпоставуваат дека Нермин и Екрем се нејзини родители. Зејнеп обично се чувствува лута и има грижа на совест затоа што не ги открива фактите за нејзиното семејство.

Нејзиното момче Фарук исто така потекнува од богато семејство, но и тој не ја знае посебната ситуација на Зејнеп., а таа пак нема храброст да ја открие својата тајна.
Стравувајќи дека Зејнеп ќе се омажи за Фарук и богатите ќе ја испратат некаде далеку по што никогаш нема да ја види, нејзината биолошка мајка Сакине решава да ги превземе работите во свои раце.

Таа ѝ договара средба со момче од маалото, убавиот Мехди кој исто така е присилен од неговата фамилија да се жени. Кога Зејнеп и Мехди ќе се сретнат, тие ја чувствуваат привлечноста, и иако потекнуваат од различни средини, тие одлично се согласуваат еден со друг.


Но, дали ќе може Зејнеп да биде во врска со таков човек? Што ќе кажат нејзините пријатели, што ќе стори нејзиниот свршеник Фарук? Судбината на Зејнеп е нејзиниот дом, но дали домот е во куќата на сиромашните родители или во вилата на оние кои ја одгледаа е одлука која само младата девојка ќе треба да ја донесе.

И со таа одлука да ги сноси сите последици кои следуваат во новите продолженија од “Мојот дом”, од понеделник до петок во 22.40 часот само на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За празниците, „Аманет“ со маратонско емитување на Канал 5

Во празничните денови, Канал 5 телевизија ви нуди двојно уживање со маратонската сапуница “Аманет”. Од …

error: Содржината е заштитена!