Почетна / Сапуници / Нова турска трилер серија „20 минути“ на новиот канал TDC

Нова турска трилер серија „20 минути“ на новиот канал TDC

Aктерката од “Аси” и актерот од “Зет домазет”, заедно во нова трилер серија на кабловскиот канал Timeless Drama Channel. На А1 Македонија ќе ја следите “20 dakika” премиерно во 16.55 часот, а репризите се во 20.55, 01.00, 05.00, 08.15 и 12.25 часот. Во продолжение, ве запознаваме со приказната :

Mелек е модерна и убава девојка, која живее среќно заедно со нејзиниот сопруг и децата. Сопственичка е на слаткарница, и ужива во времето на подготвување на торти. Нејзиниот маж Али работи како професор по историја на факултет. Но, една ноќ ќе смени сѐ во нивните животи.

Ноќта, кога Али и Мелек го празнуваат купувањето на нова куќа, се претвора во нивен најголем кошмар. Сосема неочекувано и насилно, полицијата упаѓа во нивната куќа и ја апси Мелек за извршено злосторство. Ниту на Мелек, а ниту на Али, не им е јасно што се случува во тие трауматични 20 минути, но полека стануваат свесни дека ништо повеќе нема да биде исто.

Мелек е осудена за убиство на некој човек, затоа што на пиштолот биле најдени отпечатоци од нејзините прсти. Али не може да најде никаков доказ кој ќе ја докаже невиноста на неговата жена, а очајот и немоќта го тераат да кова секакви планови како би ја спасил Мелек од затвор.

Така го наоѓа итриот Кеди, кој неколкупати успешно побегнал од затвор, и кој сега треба да ѝ помогне на Мелек да побегне од зад затворските решетки.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …