Почетна / Серии / „Убиецот покрај езерото“, нова серија од француско белгискиот серијал

„Убиецот покрај езерото“, нова серија од француско белгискиот серијал

По “Тајната крај езерото”, следува спин оф серијата за “Убиецот покрај езерото” чија прва епизода ќе се емитува на Телма во петок, 15 декември во 20.20 часот.

Во Анеси, Лиз Стокер, полицаец и Кловис Бувие, жандарм, водат мирен живот и се грижат за нивното прво дете Том, кој има само девет месеци. Мајката ја продолжи својата професионална кариера и сега се пред нов предивик да отворат тешка истрага и да се обидат да уапсат страшен убиец на жени…

Пронајдени се тела на две жени, убиени една по друга. Лиз и Кловис не се сомневаат дека е дело на сериски убиец. Ова на Лиз ѝ буди болни спомени, и таа мора да се соочи со своето минато. Кловис се соочува со своите демони, но, тие двајца ќе мора да се здружат и да работат како тим ако сакаат да успеат да го пронајдат убиецот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

error: Содржината е заштитена!