Почетна / Серии / Мрачниот свет зад фудбалот во серијата „Златни дечко“ на Телма

Мрачниот свет зад фудбалот во серијата „Златни дечко“ на Телма

Денис е талентирано момче кое е на пат да ја допре светската слава и да игра на блескавите фудбалски стадиони. Единствен противник на неговиот талент е неговиот незгоден карактер. Згора на тоа неговиот менаџер Чаки е пасиониран комарџија, вечно во долгови.

Влегувајќи во овој несреќен лавиринт, менаџерскиот договор на Денис завршува во рацете на градските мафијаши.
Зад фасадата на оваа преубава игра наречена фудбал постои мрачен свет. Свет во кој парите, моќта, трговијата, дрогата и злосторствата ја играат својата улога.

Првите пари пред да влезе во професионалниот фудбалски живот, заради својата неизживеаност ќе ги искористи за забави, конзумирање дрога, девојки – бидејќи сето тоа е фудбал.
Додека Денис луѓето желни за профит го третираат како пинг – понг топка, се појавува еден позитивен лик кој сака талентираното златно момче да го врати во спортските рамки. Но, во игра е и Омер, човекот кој што добива сè што ќе посака.

Во главните улоги Денис Муриќ, Андрија Кузмановиќ, Игор Бенчина, Петар Стугар, а во режија на Огњен Јанковиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историската трилер серија „Вашингтонски шпиони“ на Телма во 22:15 часот

Врз основа на вистински настани, серијата ја раскажува приказната за раѓањето на модерната шпионажа за …

error: Содржината е заштитена!