Почетна / Телевизија / Власта во Украина ја затвора критичката „TVi“

Власта во Украина ја затвора критичката „TVi“

Украинските власти ја затвораат критички настроената телевизија „TVi“

 

Стотици луѓе денеска (недела) во Киев протестирале, во знак на поддршка на слободата на медиумите во Украина, јавува Телма. Околу 1.500 луѓе се собрале во центарот на Киев, по затворањето на телевизискиот канал „TVi“, една од последните независни станици, која се пренесува во големите градови и на кабелската мрежа. Во канцелариите на „TVi“ влегле припадници на полициските сили додека директорот на оваа телевизиска станица првично бил обвинет за даночна евеазија, иако обвиненијата подоцна биле повлечени.

„TVi е исклучена од сите кабелски оператори. Затоа утре ќе одржиме голем протест. Сепак, има многу форми на притисок врз нашиот канал. На пример, властите започнаа криминална истрага против мене лично. На 12. септември ќе има судење против нашиот канал, на барање на даночната служба на Украина и тоа во ситуација кога немаме паричен долг кон државата, туку тие треба нас да ни платат. Ова е обид на властите да го затворат нашиот канал“, изјавил Микола Нијазицки кој е извршен директор на каналот.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!