Почетна / Телевизија / Законска обврска – вести во предизборието за лица со сетилна попреченост

Законска обврска – вести во предизборието за лица со сетилна попреченост

Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на Македонска телевизија и приватните телевизиски програмски сервиси на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, имаат обврска при известувањето за изборите, едно издание на вестите и една содржина емитувана во периодот од 16.00 – 24.00 часот да ја прилагодат за лицата со сетилна попреченост.

Содржина во пристапен формат за лицата со попреченост ќе емитуваат МРТ 1, МРТ 2, ТВ Алфа, ТВ Алсат М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ Компани 21-М, ТВ Шења, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Сонце, ТВ 24 Вести и Наша ТВ.

Иако нема обврска од Изборниот законик, програма пристапна за лицата со сетилна попреченост ќе обезбеди и регионалната ТВ М од Охрид.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител е телевизија која ова лето емитува најмногу премиери

Скоро во текот на целиот ден на Сител телевизија може да следите премиерни содржини одбрани …

error: Содржината е заштитена!