По завршетокот на дневната сапуница “Аманет”, Канал 5 ќе емитува уште една од сличен тип, но со далеку помалку продолженија. “Судбина” е името на новата турска серија, која ќе ја следите од понеделник до петок во 16.45 часот.

Дента кога биле родени, Дунја и Умут биле заменети во болницата, а сега години подоцна, судбината ги соочува еден со друг, навестувајќи откривање на големата тајна. Двајцата се заљубуваат еден во друг, иако доаѓаат од различни социјални класи.

Семејството на Умут е против таа врска, не знаејќи дека всушност се борат против онаа која припаѓа во нивната палата.
Дани | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				