Почетна / Филм / Акциони трилери и историска драма оваа недела на МРТ 1

Акциони трилери и историска драма оваа недела на МРТ 1

вторник (4 април 2023), 23 часот – “Добри луѓе”

Хадсон и Џејмс Франко се среќен пар кој живее мирен живот. Единствено им недостигаат пари, како за секојдневен живот, така и за нов стан. Кога ќе го пронајдат мртвото тело на соседот и до него многу пари, нема да можат да му оддолеат на искушението кое може да ги одведе до остварување на сонот, но и до проблем кој никогаш не можеле да си го замислат…

среда (5 април 2023), 23 часот – “Игра на имитирање”
Приказна за човекот чиј изум ја одиграл клучната улога во Втората светска војна. Филмот „Имитација на игра“ е снимен според вистинита приказна на Алан Туринг, генијален британски математичар и информатичар, кој за време на Втората светска војна успева да го декодира шифрираниот комуникациски систем кои го користеле нацистите за меѓусебна комуникација. Но, во исто време и неговиот приватен живот привлекувал многу внимание.

Историскиот трилер е снимен според книгата „Алан Туринг: Енигма“ од Ендру Хоџис.

четврток (6 април 2023), 23 часот – “Извлекување”
Хари (Келан Луц) работи за ЦИА, како и татко му Леонард (Брус Вилис). Тој силно сака да работи на терен, но постојано го одбиваат. Хари живее во Прага, но набрзо добива вест дека Леонард, кој пак живее во Њу Џерси, се обидел да зеде дел од хардверот со име Кондор и исчезнува.

Хари сака да го најде, но шефот не му дозволува. Затоа тој на своја рака заминува за Њу Џерси. Тогаш, шефот одлучува да ја испрати агентката Викторија (Џина Карано), инаку поранешна девојка на Хари, двајцата заедно да ги најдат Леонард и Кондорот. Но Викторија има и друга мисија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даниел Крег во воената акција „Пркос“ во сабота на МРТ 1

Снимен според вистинска приказна, „Пркос“ е исклучителна приказна за семејството, честа, осветата и спасувањето во …

error: Содржината е заштитена!