Почетна / Забава / Прилеп е подготвен за третата вечер на Пиво Фест 2016

Прилеп е подготвен за третата вечер на Пиво Фест 2016

 

Триесет години го работам ова и имам право да судам – она што вчера го доживеавме може да се стави во категорија – спектакл. Тоа се доживува еднаш на неколку години.

Вака Хари Мата Хари на денешната прес-конференција ги сподели впечатоците од втората вечер на „Пивофест 2016“, која навистина беше спектакуларна.

 

 

Вечерта почна со заразниот ритам на „Самостални референти“, а потоа и долго очекуваниот настап на Каролина на фестивалот конечно се случи. Македонското девојче за првпат настапи на големата сцена во Прилеп и ги оправда сите очекувања на публиката. Песните се пееја во еден глас, а Каролина постојано беше блиску до нејзините обожаватели.

Подоцна на сцената излезе и босанската ѕвезда Хари Мата Хари, кој повеќе од еден час ги пееше сите негови хитови, а ни дождот кој повторно почна да паѓа не го исплаши.

–          Добро е што имаше дожд, моите песни така го постигнаа оној вистински ефект. И јас излегов на дождот, почна да паѓа некаде на крај на настапот и така ни го даде најдоброто – изјави Хари.

Изненадување на вечерта беше и младата Антониа Гиговска од „Ѕвездичките на Пинк“, која заедно со Хари го изведе дуетот „Не могу ти речи шта је туга“.

Вистинскиот бум вечерва, сепак, го постигнаа гостите од Грција. За време на настапот на „Банг ла декс“ публиката збесна. Се соблекуваа водените маици, се скокаше, се лудуваше до раните утрински часови.

–          Она што е најдобро е што дождот всушност ги остави оние кои навистина сакаат да се журкаат, а тие за изненадување беа навистина многу – рече утрово водителот Жаре.

Денеска, пак, се очекува најголемата гужва. На сцената ќе настапуваат балканските ѕвезди Аца Лукас и Рада Манојловиќ, но забавата ќе започне со еден од омилените македонски фолк-пејачи.

–          Нормално дека сме возбудени за настапите на Аца и на Рада, но јас со нетрпение го очекувам настапот на Миле Кузмановски, кој ми е омилен пејач – призна градоначалникот Марјан Ристески.

Tој додаде дека е многу среќен што времето не ги исплаши гостите, бидејќи нема простор за грижа. Службите на градот, како Јавното комунално претпријатие, Водовод и канализација и Паркинзи, се подготвени да ја санираат било која временска непогода. 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мартин 99: Пред да се оженам еден телефон швалерски, друг за работа

Во најновата епизода на подкастот „Искрено со Ивана И Адријана”, девојките седнаа со Мартин Трпчевски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!