Почетна / Серии / Тони Михајловски во новата српска серија „Црна свадба“ на Телма

Тони Михајловски во новата српска серија „Црна свадба“ на Телма

Најновата српска серија доаѓа на Телма. Од 27 април во 22.10 часот, следете ја “Црна свадба”, серија која нуди возбуда, напнатост, мистерија, елементи на хорор, серија која ја натера публиката нетрпеливо да ја очекува следната епизода.

Во мало село во Србија, Митар, човек со мирен и благ карактер, еден ден на брутален начин убива дванаесет соседи. Петар пак, човек од безбедносната агенција го убедува Митар да се предаде, но Митар пред неговите очи пука во својата глава и изустува зборови, кои имаат врска со влашката магија, за која се смета дека е исклучително моќна.

Обидувајќи се да го откријат мотивот за овој масакр, инспекторот Петар и инспекторот Томич, ја повикуваат Наташа, реномиран психолог и судски вештак да утврди дали Митар е психијатриски случај или зад ова злосторство се крие нешто друго.


Серијата „Црна свадба“ е прогласена за една од најгледаните и најинтригантни серии снимена минатата година. Серија која буди многу лични прашања во нас на кои треба да си најдеме одговор каде носители на главните улоги се Уликс Фехмиу, Јелена Џокич, Тони Михајловски, Славко Штимац, Никола Којо.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Напнатата британска трилер серија „Лажго” од овој викенд на Сител

Лора е паметна и посветена наставничка, која скоро излегла од една љубовна врска и сега …

error: Содржината е заштитена!