Почетна / Серии / Што нѐ очекува во четвртата сезона на „Реј Донован“ на ТВ 24?

Што нѐ очекува во четвртата сезона на „Реј Донован“ на ТВ 24?

Во светот на богатите и славните, Реј Донован ја извршува валканата работа за најмоќните луѓе во Лос Анџелес. Во драмата на ТВ 24, Лив Шрибер игра тип којшто ги решава проблемите на некои славни личности, спортски ѕвезди и големи бизнисмени во градот. Дејството во оваа драма се развива кога неговиот татко, кого го игра добитникот на „Оскар“, Џон Војт, неочекувано беше пуштен од затвор, што предизвика синџир од настани кои до темел го потресоа семејството Донован.

Во четвртата сезона, Реј закрепна по престрелката со ерменската мафија, обидувајќи се да се поврзе со своето семејство и да го поправи својот однос со ќерката Бриџет. Во меѓувреме, Банчи и Тереза се соочуваат со родителството заедно, додека Аби добива медицинска дијагноза што се заканува да му наштети на семејството Донован. Тешката болест создава нови проблеми во семејството, а ќерката е тука да ја потсети Аби дека нејзината улога како мајка и сопруга е најдрагоцената улога што ѝ ја подарил животот.

Откако ги запозна професионалниот борач Хектор Кампос и неговата експлозивна сестра Марисол, за Реј следуваат нови искушенија – ќе го жртвува ли повторно семејството во име на работата?

Криејќи се во Невада, Мајки планира грабеж, додека детективот Манси му е зад петици.

Ќе биде ли Беликов пуштен од затвор и како Реј ќе се справува со руските криминалци, гледаме во четвртата сезона на хит серијата “Реј Донован”, вторник и петок во 22.45 часот на телевизија 24.

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на …