Почетна / Забава / Евровизија / Нина Краљич, победничката на хрватскиот „The Voice“ на Евровизија 2016-та

Нина Краљич, победничката на хрватскиот „The Voice“ на Евровизија 2016-та

 

Хрватска е еден од фаворитите на овогодинешниот Евросонг

 

По пропуштањето на Евровизија 2014 и 2015, Хрватската радиотелевизија одлучи конечно со промената на шефот на делегација да внесе измени во својот начин на селекција и секако учество на Евровизија 2016. Тие своето присуство во Стокхолм го потврдија на 26 ноември со најава дека интерно ќе го одберат и претставникот и песната.

 

 

По неколкумесечни шушкања и озборувања беше потврдено дека победникот на првата сезона на The Voice of Croatia, Нина Краљич, ќе биде нивниот претставник. На 9 март тие ја претставија својата песна Lighthouse, продуцирана од странски автори, одлука која што наиде на негативни критики од здружението на хрватски композитори затоа што тие не биле повикани од страна на ХРТ за создавање на песната-претставник. Сепак, она што е најбитно што песната доби само позитивни коментари од јавноста и фановите, со што се искачи на третото место на кладилниците. Едно е сигурно, камбекот на Хрватска дефинитивно е освежувачки и ќе им донесе позитивност во хрватската делегација за Евровизија, поради тоа што последен пат кога Хрватска се пласирала во финале беше во 2009 година.

 

Нина Краљич е родена на 1 јануари 1992 година, а за прв пат пред телевизиските камери застанува во 2009 во талент шоу Имам талент каде што завршува на десетто место. Во 2015 година влегува во конкуренција за The Voice и ги освојува гледачите и жирито со што во финалето освојува вкупно 1 милион гласачи и станува првиот победник на ова шоу во Хрватска. Нејзиниот прв сингл е Zaljuljali smo svijet кој беше објавен во јуни минатата година.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!