Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Телма и ТВ 21 со ново тинејџерско реално шоу „Нови херои“

Телма и ТВ 21 со ново тинејџерско реално шоу „Нови херои“

„Нови Херои“ е реално ТВ шоу во кое тинејџери на возраст од 14 до 18 години имаат можност да ја имаат главната улога во шоуто и во решавањето предизвици од нивната локална средина.

Главна цел на „Нови Херои“ е да се развие јавната свест за позитивна етничка интеракција и социјална кохезија и да поттикне соработка кај младите од различно етничко потекло, млади со различни интереси и профили, и дека кога работат заедно можат успешно да најдат креативни решенија за локалните проблеми кој сите нè засегаат.

„Нови Херои“ ќе се емоитува секоја недела на Телма во 17 часот (за македонските гледачи) и на ТВ 21 во 17:15 часот (за албанските гледачи).

Реалното шоу е дел од Проектот на УСАИД за „Унапредување на социјалната кохезија“ имплементиран од  организацијата Потрага по заедничка основа, чија цел е да ја зајакне меѓуетничката интеракција помеѓу децата и младите и да го унапреди меѓукултурното образование во јавните детски градинки и основни училишта.

Нови Херои промо

Нови Херои промо

Gepostet von Нови Херои am Freitag, 29. März 2019

Heronjtë e rinj Promo

Gepostet von Нови Херои am Freitag, 29. März 2019

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За музиката ќе зборува Бајага во новиот термин на „Патот до успехот“

Од сега, познатата телевизиска емисија на Мишко Иванов во нов термин. Секој понеделник во 22.45 …