Почетна / Филм / Телевизиска премиера на „Медена земја“ за Велигден на Телма
Познатите македонски филмски дела во 19.15 часот на Телма

Телевизиска премиера на „Медена земја“ за Велигден на Телма

За деновите на велигденскиот полициски час, Телма ги обезбеди последните врвни домашни продукции и уметнички остварувања. На Велики петок, светска телевизиска премиера на драмата “Соба со пијано” на Игор Иванов Изи, со Наташа Петровиќ и Јовица Михајловски во главните улоги.

Сабота следува телевизиска премиера на “Медена земја”, најдобриот документарец за 2019-та година, со 2 номинации за Оскар, а во недела, Телма ќе го емитува трилерот “3 дена во септември” на Даријан Пејовски.

За крај на карантинскиот празничен викенд, во понеделник ќе се емитува “Џган” на Даријан Пејовски. Низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители кои заедно тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јигит од „Забрането јаболко“ е геј во петочниот филм на Квир кино

На 11 септември со почеток во 19 часот, а во рамките на Денови на квир …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!