Почетна / Сапуници / Забавувајте се со Луна и нејзиниот бенд секој ден на Нова С

Забавувајте се со Луна и нејзиниот бенд секој ден на Нова С

По “Млади бунтовници”, “ФМ 04”, “Виолета” и “Ангели”, нова тинејџерска теленовела во Македонија, од аргентинска продукција. “Јас сум Луна” е снимена во копродукција на Пол-ка и Дизни, а добитничка на многу награди како Kids’ choice awards Argentina, Kids’ choice awards Colombia, Kids’ choice awards Mexico, како и престижната Мартин Фиеро за најдобра тин серија.

Музичкиот бенд од серијата бележеше голема популарност во Латинска Америка со неколку музички албуми и концертни турнеи. Музичките албуми на групата биле Soy Luna, Música en ti, La vida es un sueño и Modo аmar, а насвлоната нумера “Alas” е интерпретирана од актерката Karol Sevilla (Луна).

Серијата се емитува од понеделник до петок во 14.40 часот на кабловската Нова С, со превод на македонски јазик. Репризата е утредента во 9 часот наутро. Во продолжение, ве запознаваме со содржината на оваа забавна детска серија :

Луна Валенте е тинејџерка која заедно со своите родители Мигел и Моника, живее во мексиканскиот град Канкун, а најголем дел од времето, поминува дружејќи се со најдобриот пријател Симон. Но, нејзиниот живот се менува во моментот кога нејзините родители добиваат понуда од соништата – одлична работа во Аргентина.

Иако не сака да се раздели од Симон и луѓето со кои пораснала, Луна ќе мора да замине од Мексико и со своето семејство, да започне нова етапа во животот, во Буенос Аирес. За малата Луна, се чини дека никогаш нема да може да се вклопи во новата средина. Но, не е сè така црно.
Набрзо откако ќе влезе во елитното училиште, таа ќе пронајде нови пријатели, но и нова љубов. Го запознава таинствениот Матео во кого се вљубува, а го открива и скејтерскиот клуб Џем и Ролер, преку кој ќе добие прилика да ги покаже своите скејтерски умешности.

Покрај тоа, неа ја очекува и многу забава, затоа што ќе има можност да го покаже и пејачкиот талент. И во таа весела и забавна средина на песни и танци, пријатели и соученици, за Луна доаѓа едно големо изненадување – ќе започнат да се откриваат семејните тајни од нејзиното минато, кои ќе донесат бура во животите на сите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!