Почетна / Сапуници / Серијата „Двоен живот“ репризно на Алсат за албанските гледачи

Серијата „Двоен живот“ репризно на Алсат за албанските гледачи

Од понеделник до петок во 13.15 часот на местото на “Ах тоа бебе”, Алсат ќе ја репризира турската серија “Двоен живот”. Истата се емитуваше лани на оваа фреквенција.

Кенан Ипекчи е деловен човек кој живее со сопругата Сузан, синот Мерт и ќерката Чичек. Навидум идиличен семеен живот. Но, паралелно со овој живот на богат бизнисмен и посветен татко и сопруг во Истанбул, тој има и друг живот. Живот на татко и сопруг на друга фамилија во Адана.

Таму живее неговата љубов од младоста, Нулгун со која ги има децата Хасрет и Кадер. Поради сплетки од неговата фамилија, тој морал да се раздели од Нулгун и за да ги заштити неговите деца, ќе мора да води двоен живот и да се грижи и за таа фамилија. Откако лагите ќе излезат на виделина, Кенан ќе стори сѐ за да ја заштити својата непрежалена љубов, но и да ја одржи врската меѓу децата од двете фамилии, кои меѓусебно се мразат.

Неговата законска жена Сузан е горделива и високообразована која откако ќе открие за постоењето на другото семејство на сопругот, решава работите да ги превземе во свои раце и да го уништи животот на чесната и сиромашна Нулгун и нејзините деца.

Покрај оваа серија, за албанските гледачи се репризираат и сериите “Богатата и сиромавиот” (Шења), “Нашата Дениз” (ТВ 21), “Љубов моја” (Шења), “Ертугрул” (Шења).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите на „Женски рај“ зачудени – ТВ 24 и по втор пат ја укина серијата

ТВ 24 од денес нема да ја емитува италијанската сапунска драма “Женски рај” во 21 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!