Почетна / Живот / Театарот „Чекори“ со премиерна изведба на комедијата „Гласови“

Театарот „Чекори“ со премиерна изведба на комедијата „Гласови“

На 27 април, среда, со почеток во 20 часот, театарот ,,Чекори” премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска претстава ,,Гласови”, во режија на Маја Ѓурчевска. Улогите ги толкуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски, инспициент е Ангела Наумовска, а тон и светло мајстор е Михаил Митевски. Влезот е наменет за сите посетители, без разлика на возраста.

Делото спаѓа во жанрот комедија, а картите можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата, по симболична цена од 100 денари. Театарот се наоѓа во скопската населба Автокоманда, во склоп на Домот на култура ,,Димитар Влахов”.
Со своето 48 годишно постоење Театар ,,Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

error: Содржината е заштитена!