Почетна / Серии / „Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи се како пар на кампот каде што тој ги поминува викендите.

Белгиската Федерална полиција се најде на патеката на една од најголемите светски мрежи за производство на екстази, која со години е невидлива за полицијата. На чело на криминалната организација е Холанѓанецот Фери Буман – човек кој, и покрај своето богатство, претпочита да го поминува времето во едноставна вила на популарниот камп до неговата вила. Фери долго време успева да се извлече неказнет, па белгиската и холандската полиција одлучуваат да ги здружат силите.

Тие ги поставија своите двајца најдобри тајни агенти, Белгиецот Боб Леменс и холанѓанката Ким Де Руи, како брачен пар на кампување во вила блиску до Фери и неговата сопруга Даниеле Буман. Нивната намера е јасна: да се инфилтрираат во животот на Фери, да ја освојат неговата доверба и да го вметнат Боб во мрежата на Фери.

“Тајни агенти”, серија во белгиско холандска продукција снимена во 3 сезони и вкупно 28 продолженија, премиерно на Телма од понеделник до четвротк во 22.15 часот. Стартот е во вторник на 19 ноември.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„2010-тите“ на МТВ 1, нов документарец во низата серијали за декадите

Американската серија „2010-тите“ е дел од документариот серијал „Децениите“, продуциран од Том Хенкс и Гери …

error: Содржината е заштитена!