Почетна / Филм / Документарниот филм за „Трите Авганистанки“ премиерно на Телма

Документарниот филм за „Трите Авганистанки“ премиерно на Телма

Принудени од талибанците да ја напуштат својата земја во 2021 година, три авганистанки политичарки се обидуваат да ја мобилизираат меѓународната заедница околу кризата која ја распарчува нивната земја и збриша дведеценискиот напредок.

Од нивниот егзил во Канада, тие забележаа опаѓање на правата на жените и девојките за образование, работа и егзистирање во општеството. Соборени од нивните функции, тие мора повторно да се активираат за да ја продолжат својата борба за праведен и слободен Авганистан.

Зефнун Сафи, поранешна пратеничка: Не одиме во Канада да станеме домаќинки. Светот треба да знае кои се Авганистанките и за што се способни.

Нилофар Моради, активист за социјалните медиуми: Авганците не му кажале збогум на Авганистан. Особено не жените. Видов како моите колеги исчезнуваат во последните недели. Не можам да стојам настрана“.

Наргис Нехан, поранешна министерка која води кампања за правата на жените: Почнуваме од нула, се обидуваме да го изградиме нашиот идентитет, да ја создадеме нашата организација, додека слушаме за жените во Авганистан, нашите сестри, кои се нападнати, киднапирани, убиени, но нашиот отпор продолжува… Светот мисли дека талибанците се тврдоглави, но авганистанските жени се многу потврдоглави од Талибанците кога станува збор за одбрана на нивните права…

Додека меѓународното внимание е веќе привлечено од новите кризи, какви шанси имаат тие да успеат и каква поддршка ќе добијат од остатокот од светот?

Премиерно на Телма, документарен филм за трите Авганистанки во сабота, 16 ноември 2024 во 17 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шарлиз Терон е „Атомската русокоса” во неделниот трилер на Телма

“Atomic blonde” со Шарлиз Терон, Џејмс Мекавој, Џон Гудман во главните улоги. Таен агент на …

error: Содржината е заштитена!