Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Тепачка во Survivor

Тепачка во Survivor

Српскиот манекен Владимир Вуксановиќ и мистерот на Хрватска Радован Стошиќ, влегоа во војна поради Македонката Александра Накова.

 

 

Еден од продуцентите на реалното шоу “Survivor” ги извести медиумите дека Владимир и Радован се степале поради Македонката Александра. На почетокот на шоуто ништо не навестувало ваква ситуација затоа што Владимир се однесувал како воопшто да не му е грижа за Александра, но потоа се излегло дека неговото его е премногу силно. Кога Александра и Радован се зближиле, Владимир збеснал, а ривалството меѓу нив двајца било повеќе од очигледно. Изворот вели дека од секој разговор меѓу манекените избивале искри, а еден таков разговор ги довел и до посериозен конфликт.

-“Кој ку* глумиш фраер?”, извикал Радован. -“Сега ќе ти покажам кој што глуми”, луто возвратил Владимир. Потоа тие двајца почнале да се туркаат, а набрзо се фатиле и за врат. Почнале да летаат и тупаници се додека меѓу нив не застанала девојката од продукцијата со која Владимир подоцна станал особено близок.

Продукцијата наводно не ги казнила Владимир и Радован, а тие своите секири ги закопале на островот непосредно пред завршувањето на снимањето на шоуто.

 

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …