Почетна / Телевизија / Детското шоу „Супер ѕвезда“ продолжува со нова сезона на МТВ 1

Детското шоу „Супер ѕвезда“ продолжува со нова сезона на МТВ 1

 

Продолжува популарната детска емисија

 

 

“Супер Ѕвезда” е еден од најголемите медиумски проекти за деца на возраст до 12 години во Македонија. Иако е наменет за најмладата популација, поради своите интересни содржини беше прифатен и од возрасните. Супер Ѕвезда започна со работа во 1998 година, а прв пат во јавноста е презентирана на 16 јануари 1999 на А1 телевизија. Од тогаш, па се до денес континуирано придонесува за развој и унапредување на детската култура во Република Македонија.

 

 

По кратка пауза, емисијата повторно продолжува со емитување, и тоа овојпат на Македонската телевизија. Дарко Мијалковски ве очекува наскоро на МТВ 1 со многу нови содржини и песнички во популарната “Супер ѕвезда”.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!