Почетна / Забава / Игор Митровиќ со нова песна и нов спот

Игор Митровиќ со нова песна и нов спот

Пејачот Игор Митровиќ ви го претставува својот најнов видео запис за новата песна која е насловена како „Summer Stereo“, и е во дует со германскиот изведувач и продуцент Дејвмен. Песната е комплетно негово дело, додека спотот се роди од идејата и реализацијата на самиот Митровиќ. Инаку, тој со овој спот дипломираше на факултетот за Дизајн и Мултимедија при Универзитетот ФОН.

 

Спотот е сниман на локации во Македонија и во Германија. Соработката помеѓу Дејвмен и Игор е договорена пред две години, кога и двајцата заедно настапија на фестивалот „Cheshme“ во Турција, и меѓусебно си беа фаворити.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …