Почетна / Серии / Нови епизоди на „Винкс“ во утринскиот цртан блок на Сител

Нови епизоди на „Винкс“ во утринскиот цртан блок на Сител

 

Најмладите повторно ќе се дружат со девојките Винкс

 

Oд овој викенд на Сител телевизија продолжува цртаната серија “Винкс”, надсинхронизирана на македонски јазик.

 

 

Се работи за серија во 182 епизоди, снимена од 2004 до 2015 година од страна на Rai Fiction, а емитувана во над 130 земји во светот.

Приказната ја прати Блум, вилата на огнот и нејзините пријателки : Стела, вилата на сонцето и месечината, Флора, вила на природата, Техну, вила на технологијата и Мјузу, вилата на музиката. Сите тие вили се наоѓаат во Магичната димензија откако на чуден начин Блум од обична девојка ќе се најде таму и ќе стане вила. Овие другарки себеси ќе се наречат Винкс и заедно ќе бидат во сите авантури и неволји.

 

 

Во текот на приказната, они откриваат нови моќи, се трансформираат и се борат против злите сили и вештерките Ајси, Дарси и Сторми. Другарките постојано ќе даваат поддршка на Блум која има за цел да ги открие скриените тајни на своето минато. Таа ќе ја запознае својата сестра во новата фантастична земја и ќе спознае дека е ќерка на крал и кралица, а не на родителите кои ја пораснале на Земјата. Во втората сезона, на клубот Винкс им се придружува уште една вила, Рокси – вилата на животните.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„2010-тите“ на МТВ 1, нов документарец во низата серијали за декадите

Американската серија „2010-тите“ е дел од документариот серијал „Децениите“, продуциран од Том Хенкс и Гери …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!