Почетна / Филм / Сталоне и Стоун во „Специјалец“, дел од филмовите на Телма

Сталоне и Стоун во „Специјалец“, дел од филмовите на Телма

Секоја вечер – игран филм на Tелма телевизија. Во продолжение, преглед на предвелигденските наслови на Телма :

сабота (11 април), 19.10 часот – “Se mi lasci non vale” (2016)

Винченцо и Паоло се двајца пријатели кои неодамна се оставени од нивните девојки. Одлучуваат да им се одмаздат со тоа што ќе ги натераат бившата девојка на едниот да се вљуби во другиот, за потоа да ги остават со скршени срца, но планот не оди според очекуваното во оваа саботна италијанска комедија.

сабота (12 април), 22.15 часот – “The Campaign” (2012)

Урнебесна комедија за двајцата политички кандидати Кам и Марти, кои во предизборната кампања буквално се служат со сите средства за да стигнат до местото конгресмен на Северна Каролина. Вил Ферел, Зак Галифијанакис и Џејсон Судекис во едноставната комедија која толку многу ги исмејува политичарите и нивната некултура и прави пародија од борбата за освојување на гласачите внатре во земјата.

недела (12 април), 22.15 часот – “Coco Chanel and Igor Stravinsky” (2010)

Шанел и Стравински беа уметници кои го менуваа светот. Ненадејно им се случи неверојатна привлечност измешана со чувство на вина. Фатална љубов растргната од лојалноста кон семејството. Романтичната драма е базирана на вистинити случувања, а во главните улоги ги гледаме Ширли Меклејн и Барбара Бобулова.

понеделник (13 април), 23.15 часот – “War dogs” (2016)

Пентагон им довери огромна бизнис зделка на двајца кои никогаш не стапнале на бојно поле. Токму кога ќе почнат да се богатат од војната ќе ги обвинат за измама. Филмот е базиран на неверојатна вистинита приказна која беше номинирана за „Златен глобус“.

вторник (14 април), 23.15 часот – “The specialist” (1994)

Холивудската ѕвезда на врвот на славата, Шерон Стоун и нејзиниот исто така славен колега, Силвестер Сталоне, се здружија во овој проект кој постигна огромен успех. Акциски трилер во американско-перуанска продукција.

Приказната го прати Реј, бивш ЦИА специјалец кој добива понуда од една една убава жена да се врати на службата и да помогне да се открие убиецот на нејзините родители. Иако првично ја одбива, специјалецот сепак решава да влезе во таа игра и да расчисти со мафијашкото криумчарско семејство, одговорно за многу несреќи.

среда (15 април), 23.15 часот – “Octobar gale” (2014)

Една докторка ќе згрижи мистериозен човек со прострелна рана. Почнува бура, а убиецот се враќа да ја доврши задачата во канадскиот трилер, премиерно емитуван на филмскиот фестивал во Торонто.

четврток (16 април), 23.15 часот – “Horrible bosses 2” (2014)

На Дејл, Курт и Ник им е смачено од шефови и одлучуваат да започнат свој сопствен бизнис, но работите не одат баш по планот бидејќи новиот инвеститор има други планови со нив. Не пропуштајте го второто продолжение од фантастичната комедија со Џенифер Анистон, Џејми Фокс, Чарли Деј и Џејсон Бејтмен.

петок (17 април), 22.15 часот – “Locke” (2013)

Ајван Лок е добар сопруг, посветен татко и успешен во она што го работи. Една вечер добива неочекуван телефонски повик, зад кој се кријат бројни настани што ќе ја разоткријат вистината за неговото семејство, бизнисот и животот…Британско американска драма, премиерно прикажана на 70th Venice International Film Festival и 2014 Sundance Film Festival.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„The Majestic“, „Tag“ и „Blood diamond“ овој викенд на МРТ 1

Четврток, 22 јули на МРТ 1 по централниот дневник ќе се емитува „Мажестик“, режиран од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!