Почетна / Филм / Европски хорори во предпразничнoто кино на Алфа

Европски хорори во предпразничнoто кино на Алфа

Секоја вечер после полноќ се емитува игран филм на Алфа телевизија. Во продолжение, преглед на предвелигденските наслови на Алфа :

сабота (11 април) – “Touched with fire” (2015)

Биполарни поети ќе ја доживеат магијата на љубовта во една психијатриска болница преку одличната актерска игра на Кети Холмс и Лук Кирби. Американска драма од 2015-та година.

недела (12 април) – “The quiet ones” (2014)

Британски СФ хорор, базиран на познатиот канадски експертимент Филип од 70-тите. Харпер е проблематична девојка, опседната од темни сили, а професорот Џозеф има прилично неконвенционален план да ја ослободи од демоните.

Тој ги поканува своите најдобри студенти во неговиот далечен имот на периферијата на Лондон и им предлага да откријат што е тоа што постои во Џејн. Но, амбицизоните студенти и извонредниот професор не се свесни каков хорор им претстои за кобната грешка што ја сторија.

понеделник (13 април) – “The girl in the book” (2015)

Елис Харви има 28 години и работи како помошник на уредник во издавачка куќа со амбиција да стане писателка. Елис е ќерка на двајца успешни агенти, но неодговорни родители. Од рана возраст, се обидува да пишува и го запознава Милан на забавата на нејзините родителите. Тие често се гледаат, под изговор за читање на нејзините текстови, но нивниот однос се продлабочува.

Кога подоцна во книгата, Милан ги опишува нејзините писма, па дури и интимните моменти од нивната сексуална врска, таа ѝ кажува на мајка и што се случило. Родителите се соочуваат со Милан, но повеќе веруваат дека сето тоа е плод на бујна фантазија на Елис, а Милан негира дека нешто се случило помеѓу нив.

Опседната со минатото, Елис нема мир. Милан се враќа во нејзиниот живот по 15 години. На прославата на роденденот, таа се сретнува со Емет, но нивната врска е кратка. Конечно се соочува со Милан, кој сé уште тврди дека нивната врска е на нејзино барање. Елис не оди на промоција на второто издание на книгата на Милан и повторно се наоаѓа со Емет кој сфаќа дека таа е „Девојката од книгата”. Во меѓувреме, Елис почнува да ја пишува нејзината книга со наслов „Девојката од книгата”.

вторник (14 април) – “Wish I was here” (2014)

Американска комедија за Ајдан Блум, глумец, татко и сопруг, кој на своите 35 години се обидува да го пронајде својот идентитет и смисла за живот. Тоа му успева преку неговите деца, кои ќе ги учи да живеат во вакво турбулентно време.

среда (15 април) – “Cuerpo” (2012)

Шпански мистериозен трилер за еден детектив кој бара леш кој исчезнал од мртовечница. Додека сопствените кошмари од минатото го тераат во очај, за Хаиме единствен осомничен е вдовецот, маж на починатата кој тврди дека е невин. Следува возбудлив хорор каков што само шпанската продукција може да создаде.

четврток (16 април) – “Lo mejor de Eva” (2011)

Eва е реномирана судијка, која е целосно посветена на професијата и правдата. Еден случај со убиена стриптизета ќе ги промени нејзините начела. Tаа ќе сфати дека нема доволно докази за да го обвини успешниот бизнисмен за убиството, но еден неочекуван сведок ќе и даде понуда, која Ева нема да може да ја одбие.

Ѕвездата на “Велвет” во шпански трилер обвиен со мистерија, но и одлична глума.

петок (17 април) – “Black death” (2010)

1348 година, Европа падна под сенката на Црната смрт. Во ова апокалиптичко опкружување, црквата го губи влијанието врз своите луѓе. Постојат гласини за скриено село каде појавата на чумата, смртоносната болест, не може да продри.

Дури има и приказни за човек кој го води селото и може да ги оживее мртвите. Улрик (Шон Бин) е бестрашен витез што црквата го ангажира да ги испита овие гласини … Британско-германски акциски хорор со Шон Бин во главната улога.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо | Месец на „Киненова“ на ТВ 24 – цел месец филмови без реклами

„Прво филм“ е мотото на меѓународниот филмски фестивал Киненова кој годинава официјално ќе се одржува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!