Почетна / Сапуници / Српската играна серија „Ранетиот орел“ од недела на Алфа

Српската играна серија „Ранетиот орел“ од недела на Алфа

Познатата српска мини серија во продукција на РТС и Кошутњак филм започнува и на Алфа телевизија. Најпознатото дело на српската писателка Милица Јаковлјевиќ имало повеќе театарски адаптации, но во 2008 година, гледачите имаа можност да го видат и во формат на играна серија во режија на Здравко Шотра. Серијата од 17 епизоди е снимана за 98 дена на дури 90 локации.

Серијата доживеала доста позитивни критики и рејтинзи. Првата епизода, прикажувана во декември 2008. била гледана од 1.5 милиони гледачи. Последната епизода на 15 јануари 2009., ја гледале 3.277.000 гледачи, што ја прави најгледана телевизиска серија во Србија досега. Серијата кај нас се емитуваше премиерно на Сител телевизија, а сега, скоро десет години подоцна, ќе се емитува и на Алфа, и тоа секоја недела во 21 часот, веднаш по “Ѕвездичките на Пинк”.

Недела 21:00 "Ранетиот орел" премиерно на Алфа ✔️

Gepostet von Alfa Televizija am Donnerstag, 13. Dezember 2018

Во серијата се запознавае со Анџелка, и Ненад, иден пилот. Тие се затекнуваат во детската игра и дознаваат тажна вест која ќе и го одбележи животот на Анџелка – дека нејзиниот татко е загинат. Приказната продолжува 20 години подоцна кога Анџелка е веќе возрасна девојка и се мажи. Тогаш почнува и заплетот на целата приказна кој ќе биде заснован на љубовните проблеми на Анџелка и моралните дилеми. Започнува нејзиниот пат, овојпат сама во конзервативниот свет на мажите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подгответе се – старува хит серијата „Украдено минато“ на Сител

Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо …