Почетна / Серии / Српската серија емитувана три пати на Телма, сега ќе оди и на Алфа

Српската серија емитувана три пати на Телма, сега ќе оди и на Алфа

Наместо премиерни содржини, на Алфа телевизија – репризи. И тоа репризно српска серија емитувана веќе три пати на телевизија Телма во 2022 година. Сега на Алфа, секоја недела во 21.30 часот.

Таткото на Миона, Дејан (Воин Ќетковиќ), се обидува да ја оттргне својата ќерка од лошото друштво. Ќе одлучи да го остави градот и бизнисот како архитект и заминува во родното село на татко му. И покрај отпорот на ќерка му, тој се обидува да ѝ се доближи и да го надополни времето изгубено со неа додека тој ја градел својата кариера …

Во семејната куќа ги дочекува чичко му Велибор (Жарко Лаушевиќ). Во селото го запознава Макс, бизнисмен вратен од Базел кој инвестира во хотелски комплекс и му нуди работа во неговата градба.

Местото на кое треба да се гради се вика Забран. Но, тука лежат тајните на Калканските кругови….

Мистериите на Калканските кругови покрај Воин Ќетковиќ и Жарко Лаушевиќ, ги разоткриваат легендарните Милутин Мима Караџиќ и Весна Чипчиќ, атрактивната и талентирана Наташа Нинковиќ, младата хип-хоп пејачка и актерка Ивана Зечевиќ, Нела Михајловиќ, Нина Јанковиќ, Бранка Пујиќ и многу други.

Автор и сценарист на серијата е Ѓорѓе Милосављевиќ, а режисер на Калкански кругови е Милан Караџиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

error: Содржината е заштитена!