Почетна / Серии / Зошто ТВ Телма емитува репризи на серии во вечерните часови?

Зошто ТВ Телма емитува репризи на серии во вечерните часови?

Телма телевизија убедливо се двои од сите останати национални телевизии, емитувајќи разновидна програма за различни вкусови, но…

… очигледно има одредени работи во програмската шема кои несомнено не треба да се повторуваат ако телевизијата сака да се носи рамо до рамо со многу европски и светски телевизии.

Па така, наместо да емитува репризи на серии во 20.30 и 23.30 часот во тек на телевизиска сезона, Телма треба да понуди премиерна програма за своите гледачи и во тие термини.

За споредба, американска полициска акциона серија премиерно се емитува на Сител секоја ноќ на полноќ како и премиерни американски филмови на Алфа, па зошто тогаш истото не би важело и за телевизија од сличен ранг како Телма? Зошто е потребно да се емитуваат репризи на серии и тоа во ударен термин од 20.30 часот, а и потоа во 23.30 часот?

Француската серија која оди моментално во прајмтајм беше емитувана ланската сезона, као и германската серија која се прикажува во 23.40 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според веб страната, на Алфа премиерно оди серија која веќе завршила

Доколку ја посетите веб страната на телевизија Алфа, ќе забележите најава за српската серија Прваци …

error: Содржината е заштитена!