Почетна / Сапуници / Шпанската мелодрама „Велвет“ по трет пат се емитува на Телма

Шпанската мелодрама „Велвет“ по трет пат се емитува на Телма

Дека се работи за една од најквалитетните светски продукции, нема дилема. Но, дали една национална телевизија треба да си дозволи во тек на сезона да емитува повторно реприза на веќе прикажана серија?

Тоа го прави Телма, која уште еднаш реши да ја репризира шпанската драма за модната куќа “Велвет”. Секоја сабота и недела по пладне, и од понеделник до петок наутро во 7 часот гледачите повторно ќе се потсетат на љубовната приказна за Ана и Алберто.

Во Мадрид постои тоа место, кое сите сакаат да го видат и посетат. Тоа е модната куќа “Велвет”, гламурозна скапоцена палата во која се дизајнираат, кројат и продаваат најубавите модни парчиња на таа доба.

Сопственици на галеријата “Велвет” е богатата фамилија Маркез. Дон Рафаел Маркез е главата на фамилијата и е женет со Глорија, а од првиот брак го има синот Алберто. Глорија ја има ќерката Патрисија, исто од првиот брак.

Ана е млада девојка која останува сирак како девојче и доаѓа да живее кај својот вујко Емилио кој работи во стоковната куќа. Тука Ана го запознава Алберто и се раѓа голема детска љубов. Кога ќе станат полнолетни, Алберто и Ана одлучуваат да побегнат и да се венчаат, но дон Рафаел ги спречува намерите на својот син единец и го испраќа на студии во Лондон.

Години подоцна, Ана работи како кројачка во модната куќа. Со годините, израснала во преубава млада дама. Враќањето на Алберто во Мадрид ќе ги разбуди старите чувства кај двајцата, кои одлучуваат овој пат да се борат за својата љубов до крај.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовели | Термини на емитување и броеви на епизоди

Термини на емитување и броеви на епизоди за до недела 21 февруари 1) ЈАСМИН Оригинален …

error: Содржината е заштитена!