Почетна / Филм / Сонот на едно дете во шпанската драма „Исмаел“ во сабота на ТВ 24

Сонот на едно дете во шпанската драма „Исмаел“ во сабота на ТВ 24

Саботно кино на ТВ 24 со уште една фасцинантна шпанска драма. Прочитајте ја во продолжение сторијата за Исмаел и следете го филмот на ТВ 24 оваа сабота, 18 мај со почеток во 20.45 часот.

Исмаел Чоу, десетгодишно момче се качува на воз за Барселона. Тој избегал од дома за да го пронајде татко му Феликс Амброс, кого никогаш не го запознал. Единствената трага му е повратната адреса во Барселона на писмо испратено до неговата мајка. Кога пристигнува во Барселона, момчето ја наоѓа куќата, а врата му отвара жена од педесеттите години. Нора е мајката на Феликс, и баба на Исмаел, за која не знаел дека постои. Ниту, пак, Нора не знае дека има внук.

Во телефонскиот разговор, Феликс, кој живее во мал град во Герона, и признава на мајка му дека има син. Откако разговарала со мајката на нејзиниот внук по телефон, Нора и Исмаел тргнуваат на пат заедно со Феликс. Во исто време, и мајката на Исмаел, Атика и нејзиниот сопруг Едуардо, исто така патуваат во Герон за да го вратат детето дома.

Средбата иницирана од Исмаел, да го пронајде својот биолошки татко, ќе ги предизвика сите ликови од оваа приказна да се соочат со минатото и да се обидат да го разберат и да си простат еден на друг.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бидете и вие дел од авантурата за „Човекот кој го уби дон Кихот“

“The man who killed Don Quixote” е филм на Тери Гилијам, и е реализиран според …