Почетна / Сапуници / Сонгул од „Ангели“: Заради оваа серија, ја откажав дури и дипломската

Сонгул од „Ангели“: Заради оваа серија, ја откажав дури и дипломската

Ѓокче Јилдиз ја игра бунтовната Сонгул во серијата “Ангели”, која ја гледате на Сител телевизија во доцните вечерни часови. Актерката е родена е во 1992 година во Синоп. По дипломирањето, таа одлучила да се занимава со глума. Кога имала три години, нејзиното семејство се сели во Истанбул.

Оттогаш сонував да станам актерка. Кога имав осум години, моето семејство ме одведе во агенција што ми организираше голем број ангажмани од тој ден. Пред две години дипломирав на Катедрата за глума на Универзитетот „Кадир Хас“.

Додека студирав, работев. Досега играв во сериите “Бунтовничка”, “Страдалничка”, “Рането срце” и “Патот до сонцето”. Продуцентите секогаш ми ја доделуваа улогата на добра девојка, па така беше и со серијата “Ангели”. Тие сакаа да ми доделат друга улога на добрица, но јас инсистирав на тоа дека јас jа сакам токму таа улога, улогата на Сонгул. Бидејќи студирав глума, не сакав постојано да играм слични улоги. Сакав да покажам што научив. Потоа дојдов на пробно снимање за улогата на Сонгул и ме избраа. За серијата „Ангели“ се подготвував доста време. Заради серијата, дури и ја одложив дипломската работа “.

Кога се подготвувам за некоја улога, се обидувам да создадам свет во кој живее ликот што ќе го играм. Никогаш не сум сретнала лик кој личи на мене. Во приватниот живот не сум толку бунтовна и директна. Никогаш не се идентификував со ликовите што ги играв. Уште на самиот почеток верував дека серијата ќе биде многу успешна. Имам можност да се изразам во една сосема друга улога, па затоа и уживав додека ја играм Сонгул“.

Јас глумам од својата деветта година. Некој може да помисли дека глумата е лесен повик за успех и задоволство. Се разбира, секој може да дејствува, но не со подеднакво добри резултати. Некои актери станаа супер ѕвезди, иако не студирале глума. Досега, секогаш избирав работни ангажмани што ми дозволуваа да работам двапати или трипати неделно.

Снимањето на оваа серија (Ангели) е прв пат да ме ангажираат пет дена во неделата. Бев зачудена, но и среќна. Затоа од срце ви ја ппрепорачувам серијата. Гледајте ја и соживејте се и вие во трогателните приказни на девојките” – објаснува актерката.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денес не смее, но порано и во турските серии имало „скокотливи“ сцени

Ако во денешно време, Турската радиодифузна агенција забранува секаков вид на сцени во кои се …

error: Содржината е заштитена!