Од 18 мај, секој работен ден во 20.30 часот, Прва скопска МТМ телевизија ќе започне со репризирање на британската крими серија “Исчезнат”, досега емитувана и на Телма, а и на локалните.

Паралелно со реприза на првата сезона, МТМ ја емитува и втората сезона. Па така, во вторник на 19 мај, во 20.30 часот ќе се емитува втора епизода од прва сезона, а веднаш по неа осма епизода од втора сезона.

Потрагата по исчезнатиот син на Емили и Тони веројатно дополнително ќе ги збуни гледачите кои се одлучиле да ја следат оваа серија на МТМ затоа што паралелно се прикажуваат двете сезони.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
