Почетна / Филм / Неделна филмска вечер на Сител со херојската фантастика „Push“

Неделна филмска вечер на Сител со херојската фантастика „Push“

Тајна владина организација е во лов на луѓе со паранормални способности. Ник e еден таков дечко кој поседува зачудувачки телекинетички моќи кои ги користи како би заработил за живот и би избегнал средба со тајната организација Дивизија која таквите како него ги претвора во супер војници.

Затоа тој живее со свои слични пријатели во Хонг Конг како не би станал уште една жртва на агенцијата. Но, работите ќе се променат кога во неговиот живот ќе влезе младата Кејси, која ќе побара помош од Ник да ја пронајдат Кира која е единствена што може да ја порази Дивизијата.

Извонреден фантастичен трилер кој изобилува со одлични визуелни ефекти. Во главните улоги настапуваат Крис Еванс и Дакота Фенинг.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Modernissimo – документарец на Телма за култното кино во Болоња

Во срцето на Болоња, Италија, се крие едно кино кое ги надживеало времето и политиките …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!