Поп-пејачката Каролина Гочева со ланското музичко шоу од 90 минути и овој 31 декември на Македонската радио телевизија.

На сцената ќе и се придружат Елена Ристеска, Лара Иванова, Влатко Лозаноски, Пијан Славеј и дечките од Тин камп со кои ќе ги отпее нејзините и нивните најголеми хитови.

Најдоброто на МРТ 1 за загревање за престојниот новогодишен дочек. Каролина и пријателите во 13.30 часот на МРТ 1.

Од омиленото девојче во 90тите до најсаканата тин ѕвезда во 2000тите, од етно девојче години потоа до она што е денес – ѕвезда без конкуренција, дама како од Панама, брилијантна појава со гламурозен стас и спектакуларен глас.

Мерак за душа, мерак за очи со Каролина Гочева.

Стајлинзи кои одговараат само на светска ѕвезда и прилагодени за оваа свечена, но весела пригода.

Замислете си желба и Каролина е тука за да ја оствари само за Вас. Ако сакате да ве прати среќа цела година, тогаш загрејте се со Каролина како единствена дневна солуција за сите нас.
Дани | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				