Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Секоја вечер по скоро три часа српска риалити емисија на Алфа

Секоја вечер по скоро три часа српска риалити емисија на Алфа

Веќе трета година, српската емисија “Стројник” во која се бараат жени за српски мажи се емитува во континуитет на Алфа во прајмтајм. Ако до неодамна одеше од 19 до 21 часот, сега се емитува од 19.10 до 22 часот, буквално целиот прајмтајм во програмата. Но, да не биде мала дозата – имате и репризи идниот ден од 10 часот наутро.

Емисиите често и се репризираат, а во програмскиот водич на телевизијата нема никаква информација за емитување на оваа емисија, како и на било што друго.

Па освен оваа емисија, ноќни репризи на играни филмови и реприза на турска серија емитувана на Канал 5, на оваа фреквенција нема буквално никаква друга премиерна странска програма.

 | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Нашиот Никола Станишиќ е победник на „Звездите на Гранд“

Никола Станишиќ од Македонија е победник на балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната …

error: Содржината е заштитена!