Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Секоја сабота, Алфа го емитувa српското реално шоу „Брак на невидено“

Секоја сабота, Алфа го емитувa српското реално шоу „Брак на невидено“

Ново риалити шоу на Алфа телевизија од продукцијата на Пинк телевизија и “Топ манифест”. Секоја сабота навечер во 22.30 часот ќе се емитува “Брак на невидено”, српска емисија создадена од авторите на “Папарацо”, “ДНК Анализа” и “Необјавени приказни”, кои исто така се емитуваа(т) на оваа македонска фреквенција.

Во новото шоу учествуваат соло жени и мажи кои се одбрани од тим на психолози, според прифатените апликации, психолошките профили на апликантите и нивните желби.


Интересно е што паровите за прв пат се среќаат непосредно пред матичарот, на нивната сопствена венчавка и имаат само пет минути да одлучат дали сакаат да стапат во брак или не. Дотогаш не се знаеле, но тимот на шоуто ги спојува на основа на нивните заеднички интереси и профили.


Ако работи хемијата, тие се венчаат и потоа веднаш одат на меден месец. Емисијата „Брак на невидено“ ги покрива сите трошоци за венчавка, вклучително и венчаница, костум, венчални прстени, но и дополнителни награди како што е одење на меден месец со џепарлак. По неколку недели, екипата на оваа емисија ги посетува во нивните домови и открива дали бракот опстоил или не.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Репортажа за 57-те Рацинови средби 2020 на 9. октомври на МРТ 1

Традиционално и оваа година во родниот Велес се славеше поезијата и бесмртната мисла на Кочо …

error: Содржината е заштитена!