Почетна / Серии / Во декември заспиваме со Сител и истрагите на детективот „Лутер“
Британска серија од BBC во 20 продолженија - од 6 декември на телевизија Сител

Во декември заспиваме со Сител и истрагите на детективот „Лутер“

Психолошка криминалистичка драмска серија со Идрис Елба во главната улога доаѓа на Сител во после полноќниот термин од 00.20 часот.

Детективот Џон Лутер работи во Лондон и неговиот брилијантен ум секогаш го спасува. Но, тој е опсесивен, опседнат и понекогаш насилен. Меѓутоа, Лутер плаќа висока цена за неговата посветеност; никогаш не можел да се спречи да биде обземен од темнината на злосторствата со кои се занимава.

Уште на стартот, тој се враќа на работа по трауматичното апсење на серискиот убиец Хенри Мадсен. Првиот случај на Лутер е истрага за убиството на родителите на детето гениј Алис Морган. Брзо открива дека Алис е одговорна за смртта, но ова навидум совршено злосторство не остава докази со кои таа може да се осуди.

Веќе во следниот случај, овој полицаец мора да надмудри еден обучен снајперист кој има мисија да убива полицајци. Но, додека се зголемува бројот на жртвите, тој мора да ги открие вистинските мотиви на убиецот. Во меѓувреме, Алис го истражува Лутер и успева да дознае што се случило за време на апсењето на Мадсен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Кои се луѓето кои најдобро можат да ве разберат, да ви помогнат…со кои можете да …

error: Содржината е заштитена!