Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Секое викенд утро се будиме со фолк рефрените на „Запеј зоро“ на Сител

Секое викенд утро се будиме со фолк рефрените на „Запеј зоро“ на Сител

Македонската народна музика, фолклор и етнос се производ на нивото на културниот развој на најшироките народни маси на едно општество, а во исто време се потпираат врз музичките традиции на оваа наша вековна и света средина.

Како централен дел на целокупната македонска музика, народната или фолклорна музика се пренесува од колено на колено, по пат на усно предание, претставувајќи синтеза на она што современиот македонски народ го наследил од својата словенска прататковина, од антиката на денешната татковина и од пошироката средина.

Сител телевизија ја негува македонската народна песна преку својата програма. Па така освен веселата “Мерак меана” за викенд, секое саботно и неделно утро се емитува и компилација на познати македонски етно рефрени во утринската “Запеј зоро”.

Да се разбудиме со Сител и да заиграме со мелосот од кој растреперува душата и се полни срцето.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прочитајте по колку години имаат финалистите во „Ѕвездите на Гранд“

Вечерва, 8 јуни, 21 часот – финале на оваа сезона од најгледаното телевизиско шоу “Ѕвездите …

error: Содржината е заштитена!