Почетна / Филм / Видео | Премиерни европски филмови во ноември за викенд на Телма

Видео | Премиерни европски филмови во ноември за викенд на Телма

Телма телевизија продолжува со премиерни филмови и во месец ноември. Петок, сабота и недела се деновите резервирани за уживање во премиерни филмски наслови.

Скандинавската драма “Ut og stjæle hester” во петок на 6 ноември, a во сабота на 7ми ќе имаме можност да ја гледаме потресната британско француска драма за “Филомена”, базирана на вистинита приказна.

Приказна за жената која е во потрага по своето чедо, а филмот е добитник на награда за најдобро сценарио на филмскиот фестивал во Венеција.

Недела е ден за акција, па така на 8. ноември следете го “Crown Vic” кој ќе ве одведе на патешествие со двајца полицајци една ноќ во Лос Анџелес.

Во канадско белгискиот трилер “The Hummingbird Project”, двајца братучеди чиј влог во нов пронајдок на оптички кабел ќе ве остави без здив до крајот …

… а на 13. ноември, ќе се разнежниме со романтичната драма за полската “Имигрантка”, која по игра на случајноста ќе влезе во опасен свет на проституција и разврат.

Следува “Little Joe”, филм за еден цвет со терапевтско дејство. Всушност ако се држи на идеална температура, адекватно се храни и редовно се разговара, цветот ја прави среќна личноста која го поседува, но набрзо се открива дека не е толку безопасен.

Љубов и драма во необична приказна од Истокот за две романтични души кои ќе сфатат дека се “In the mood of love”, …

а на 21 ноември, тема на “An officer and a spy” ќе биде озлогласената Драјфус афера, која се случила кон крајот на 19-ти век. Францсуски офицер  ќе се обиде да го извлече неправедно осудениот Евреин од ужасниот затвор на Ѓаволскиот остров.

Разоткривање на криминалното однесување во кое биле вмешани речиси сите од генералштабот, а поддржано од најголемиот дел од политичкиот естаблишмент, ја потресе француската држава до темел.

22 ноември е викенд денот за семејните тајни и вистини во француската драма “La Vérité”, а 28 ноември ден за борба, историја и адреналин во “On wings of eagles”.

Последна премиера за ноември е норвешкиот трилер за “Utoya”. 22 јули 2011 година повеќе од 500 млади луѓе беа нападнати од вооружен екстремист во летен камп на остров во близина на Осло. Прказната ја следи Каја (18) и нејзините пријатели кои тој кобен ден се наоѓаат во летниот камп, на островот Утоја.

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Фантастични филмски остварувања на Телма овој октомври

По скандинавскиот политички трилер “Окупирани”, новата сезона на “Аларм за Кобра”, новелата “Горчлива одмазда” и …

error: Содржината е заштитена!