Почетна / МК Сцена / Видео | 2 јуни – голем кам бек на најголемата Каролина со „Идила”

Видео | 2 јуни – голем кам бек на најголемата Каролина со „Идила”

По долго време, преубава вест за илјадниците обожаватели на мега ѕвездата Каролина Гочева. Уникатните проекти на најдобрите од светот на продукцијата – Авалон Продукција, продолжуваат во наредниот период. Конечно, светската, а наша Авалон со гордост ви го најавува новиот албум на Каролина, проект на кој скоро две години, супербрендот работеше заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.


Албумот е снимен на почетокот на оваа година, во јануари, додека идејата за истиот се родила уште во 2016та, после нивниот прв заеднички настап на еден концерт на Дуке.
– “Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…


На 2 јуни ќе може да го слушнете првиот сингл ,,Идила”, додека целиот албум ќе биде достапен наесен.
Се надевам дека ќе уживате во овој проект толку колку што и ние уживавме во целиот процес на неговото создавање.” – со задоволство објави Каролина на социјалните мрежи.

И додека, со нетрпение го чекаме првиот сингл од овој нов и автентичен проект на македонската принцеза, ви презентираме кратка најава за тоа што следува. Македонија одбројува до … “Идила”!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“ …се првите стихови …

error: Содржината е заштитена!