Почетна / Телевизија / Руските телевизии од сега се забранети во Македонија

Руските телевизии од сега се забранети во Македонија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по препорака на Владата усвоена вчера, им укажа на кабелските оператори да ги исклучат руските канали што се реемитуваат во Македонија.

Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Russia Today“ и „Sputnik“ на територијата на ЕУ.

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.

Операторите имаат рок од три дена да ја известат Агенцијата за преземените активности.

Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ΜΡΤ во 2024-та со најдобар финансиски резултат во последните години

Во 2024 година вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години, согласно …

error: Содржината е заштитена!