Почетна / Серии / Руската серија за „Баба Ванѓа“ секоја сабота и недела на Нова С

Руската серија за „Баба Ванѓа“ секоја сабота и недела на Нова С

Руската мини серија “Баба Ванѓа” пред неколку години беше емитува и во Македонија, и во Србија, и во Црна Гора, а сега повторно на малите екрани. Овојпат, кабловската Нова С со права за овие три земји, ќе ја емитува оваа интересна драма секоја сабота и недела во 18 часот.

Улогата на Ванѓа ја толкуваат пет актерки и тоа Елена Јаковлева (Ванѓа на постара возраст); Ирина Рахманова (на средна возраст); Наталија Николаева (на млада возраст); Дарја Отрошко (на 12 години); и Кристина Пакарина (на 7 години).

Серијата започнува со остварувањето на едно од предвидувањата на Ванѓа, за тешка несреќа во Русија, после настанот ја посетува руска телевизиска екипа. Во групата на новинари вклучена е и една млада репортерка Алиса Варажескаја која е потресена од предвидувањето за потонувањето на руската подморница „Курск“. Ванѓа посакува да зборува само со неа и и го раскажува целиот свој живот. Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.

Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според веб страната, на Алфа премиерно оди серија која веќе завршила

Доколку ја посетите веб страната на телевизија Алфа, ќе забележите најава за српската серија Прваци …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!